Морати потврди: Мурињо си оди!

Тренерот на Интер, Жозе Мурињо, со сигурност ќе го напушти италијанскиот шампион и тоа по завршувањето на финалето од Лигата на шампионите откако неговиот тим ќе го одигра дуелот со Баерн. Овие информации кружат веќе неколку дена, а Интер упорно ги демантира, меѓутоа од вчера веќе не е толку сигурен дека Португалецот ќе реши да остане на Џузепе Меаца и ќе го доработи договорот до крај. Дури и претседателот на "нероаѕурите", Масимо Морати, кој воопшто не сака да се раздели со својот тренер, призна дека ќе биде изненаден ако Мурињо остане во Милано.

"Мурињо? Ќе бидам изненаден ако одлучи да остане, отколку да си замине", изјави Морати по прославата на шампионската титула.

"Не можам да кажам во проценти колкави се шансите да остане. Тој е како вулкан. Никогаш не знаеш што ќе одлучи. Понекогаш очекуваш нешто од него, а тој прави друго", дополни 65-годишниот претседател на Интер.

За таа цел Морати му понудил покачување на платата од 10 на 12 милиони евра, меѓутоа Мурињо воопшто не бил заинтересиран за оваа идеја.

"Не се работи за пари. Во животот има многу поважни нешта", наводно му рекол Мурињо на својот шеф.

Информацијата ја побликува Марка, која дополни дека Реал е подготвен да плати седум милиони евра за "слободата" на Мурињо, а дополнува дека неговиот агент Хорхе Мендез изјавил дека зделката ќе се реализира по завршувањето на финалето од Лигата на шампионите в сабота. Исто така дополнува дека Португалецот му соопштил на Флорентино Перез да му ги донесе ѕвездите на Бенфика Анхел ди Мариа, Давид Луиз и Фабио Контрао.

Португалецот ја има најдобрата сезона во тренерската кариера каде е пред освојување на три трофеи. Претходно со успех ги предводеше Порто и Челзи, сега доминира и со Интер, а не е тајна дека посакува да ја комплетира својата збирка со трофеј од Шпанија, па многу е веројатно дека ќе ја прифати понудата на Реал.



Три кандидати за наследници на Португалецот

Интер подготвил алтернативно решение во случај Мурињо да прифати да работи во Реал. Според "Кориере дело спорт", Интер не остава ништо на случајноста и се подготвува за најлошото можно сценарио. Една од приоритетните цели на Интер е селекторот на Англија, Фабио Капело. Договорот на Италијанецот со "Гордиот албион" е со важност до 2012 година, меѓутоа може да се случи тој да ја напушти репрезентацијата по Мундијалот и да седне на клупата на Интер. Веднаш зад него се наоѓа стратегот на Катанија и поранешен играч на Интер Синиша Михајловиќ, кој претходно изјави дека мечтае еден ден да го води клубот од Милано. Србинот изгради одлична фудбалска кариера во Италија, меѓутоа се покажа како добар тренер на Катанија.

Како трета варијанта е менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез. Меѓутоа, оваа опција е многу тешко остварлива ако се знае дека Шпанецот претходно го одби Јувентус, што значи дека, најверојатно, ќе остане на Енфилд до истекот на договорот.



Интер ќе заработи 100 милиони евра за тројна круна

Доколку Интер ги освои трите титули на кои атакува сезонава, ќе заработи 100 милиони евра. "Нероаѕурите" досега ги заверија трофеите од домашниот шампионат и Купот на Италија, а се подготвуваат за најзначајниот - европски шампион. Според пресметките на италијанските новинари, како шампион на Италија УЕФА ќе му додели на Интер 200.000 евра. Потоа ќе добие 7,1 милиони за тоа што ги помина групите, а дополнителни 2,8 милиони од резултатите постигнати во оваа фаза. "Нероаѕурите" ќе инкасираат три милиони евра за пласманот во осминафиналето, 3,3 милиони за четврфиналето и 4,2 за полуфиналето. Како финалист ќе заработи 5,5 милиони, а доколку го освои трофејот УЕФА ќе го награди со уште 9 милиони евра.

Кога ќе се собере сè како награда за успешниот настап во Лигата на шампионите "Нероаѕурите" ќе инкасираат 35,1 милион евра, а ако на оваа сума се придодадат ТВ-правата, освојувањето на титулите во Серија "А", домашниот куп и евентуалното учество во Светскиот клупски шампионат тогаш заработката на Италијанскиот шампион ќе достигне до неверојатни 100 милиони евра.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...