Пандев и Интер владеат со Европа

Интер - Баерн Минхен 2:0 (1:0)

Милито 35', 70'

Фудбалерите на Интер се новите шампиони на Европа, откако во финалниот меч одигран во Мадрид го совладаа Баерн со 2:0.

Јунак на натпреварот беше Диего Милито, кој ги постгна двата погодоци за својата екипа. Интер се одлучи за нешто подефанзивна варијанта, па Баерн воглавно го имаше поседот на топката во свои нозе. Тоа на Германците сепак не им донесе многу шанси, додека од друга страна Интер ги користеше своите можности.

Горан Пандев го започна мечот од првата минута, а најзрелата шанса да се запише во листата на стрелците македонскиот репрезентативец ја имаше на почетокот на второто полувреме, кога ги "тестираше" рефлексите на Бут, кој ја исфрли топката во корнер.

Тоа е прва титула за Интер по 45 години, трета вкупно, а "неро-азурите" со оваа победа влегоа во редот на неколкуте клубови, кои во годината кога ја освојуваат титулата првак на Европа ја освојуваат и "дуплата круна" во националните шампионати.

Пред Интер тоа им појде од рака уште на Селтик (1967), Ајакс (1972), ПСВ Ајндховен (1988), Манчестер Јунајтед (1999) и Барселона минатата година. Покрај тоа, Жозе Мурињо е третиот тренер, по Ернсто Хапел и Отмар Хицфелд, кој титулата ја освоил со два различни клуба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...