"Марка": Постигнат договор, Мурињо во Реал

Шпанскиот дневник "Марка" во неделното издание известува дека мадридски Реал практично ги договорил условите за соработка со Жозе Мурињо и дека само се чека потпишувањето на договорот.

Одличниот португалски тренер, кој вчера го одведе Интер до титулата европски првак со победата од 2-0 против Баерн на "Сантијаго Бернабеу", со своите фудбалери не се врати синоќа на прославата во Милано.

Остана во Мадрид, што италијанските медиуми го прокоментираа како почеток на преговорите со "кралскиот клуб". Дека тоа е навистина така, потврдува и "Марка", која тврди дека Мурињо би требало да потпише договор со Реал во текот на вторник или среда.

Се тврди дека контроверзниот Португалец ќе заработи десет милиони евра за секоја од четирите сезони колку што би требало да се задржи на "Сантијаго Бернабеу". "Марка" наведува дека Реал веќе ги договорил со Мурињо сите детали околу подготовките за новата сезона, а единствено под знак прашалник е датумот на претставување пред новинарите, но се очекува тоа да се случи претстојниот петок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...