Мурињо веќе влезе во конфликт со шпанските медиуми

Медиумите беа најголемата причина Жозе Мурињо да си замине од Интер на крајот од минатата сезона, но како што стојат сега работите, најверојатно, ништо нема да се смени ниту во Мадрид. Новиот тренер на Реал е изненаден од критички настроените мадридски новинари кои го следат секој негов чекор и не се задоволни од формата во која се наоѓа најтрофејниот шпански клуб.

Воопшто не е задоволен од написите во врска со Реал, но Мурињо призна дека најмногу го изненадиле критиките по слабото реми без голови меѓу Реал и Мајорка во првото коло од Примера, инаку меч одигран минатата недела.

"Во последните години во Реал поминаа многу тренери: Капело, Шустер, Рамос и Пелегрини. Нам ни треба стабилност. Опкружувањето и медиумите не му помагаат на Реал да ја пронајде вистинската рамнотежа и да се упати во посакуваната насока", вели трофејниот стручњак кој додека беше во Италија речиси секоја недела имаше по еден конфликт со медиумите, па дури во еден период и воопшто не комуницираше со нив ризикувајќи притоа да добие парични казни и суспензии. Освен со медиумите, тој веќе имаше кавга со судиите и тоа на дуелот со Мајорка кога протестираше на неколку одлуки на главниот арбитар и неговите помошници.

Тој не заборави да повтори дека Реал на мечот со Мајорка бил многу блиску до победата, а причина за ремито без голови бил голманот на домашниот тим кој одбранил седум чисти шанси за гол. Во исто време, Мурињо откри дека првпат во својата кариера не се грижи за трофеите.

"Во овој момент не сум опседнат со трофеите. Ако бев, ќе останев во Интер", додаде Португалецот.

Инаку, од оваа сезона Реал почнува една нова етапа од својата историја. Освен што го донесе трофејниот стручњак, летово се ослободи од две легенди на клубот: Раул и Гути, а во екипата донесе неколку млади фудбалери кои треба да бидат иднина на Реал Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...