Се има ли победнички спас за нас!?

"Без разлика колку сум во право или не, секогаш максимално оптимистички ќе ги очекувам настапите на репрезентацијата. Затоа и се изјавите дека одиме на шесте бода, а што ќе биде, ќе видиме...", вели Јонуз

Пратени од не баш пријатна атмосфера по неколкуте откажувања на свои клучни фудбалери дополнети вчера со откажувањето и на Дарко Тасевски и голманот Дарко Тофилоски, меѓутоа и пред се реално оптоварени поради најавите на капитенот Горан Пандев за негов крај на настапите во репрезентативниот дрес се до завршувањето на актуелниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2012, македонските репрезентативци вчера во Барселона ги почнаа подготовките за средбата со Андора која на 8 октомври ја играме во Ла Вела.

Некомплетни, со 17 од преостанатите 19 здрави фудбалери, без Един Нурединовски и Ванче Шиков, кои денеска директно во Андора Ла Вела треба да се приклучат на селекцијата, го одработивме вчерашниот попладневен тренинг во Барселона. И покрај серијата проблеми селекторот Мирсад Јонуз оптимистички го очекува прво дуелот со фудбалскиот "лилипутанец", а потоа и оној со гигантот Русија во Скопје.

"Без разлика колку некој сметал или не дали сум во право со нагласените оптимистички амбиции за атак на шесте бода на претстојните два натпревари, сепак, јас секогаш оптимистички ќе ги очекувам настапите на репрезентацијата како начин и за мотивација на фудбалерите. Затоа и се изјавите дека одиме на шесте бода, а сега дали тоа ќе се реализира ќе видиме потоа... Потоа ќе ги разгледуваме субјективните или објективните причини за неисполнување на одредени амбиции", вели Јонуз за кого е јасно дека неиграњето на Горан Пандев и Горан Попов, а дополнето со последното откажување на Дарко Тасевски ќе носи своја трага на нашата игра.

"Отсуството на Пандев и Попов ќе мора да се надополнува со нови решенија, па и за тоа ќе мора добро да се подготвиме. На малерите им нема крај пред овие октомвриски дуели меѓутоа имаме фудбалери кои ќе мора да дојдат до победа над Андора", дополнува селекторот.

Според најавите, формацијата 4-3-3 од претходниот натпревар со Ерменија повторно ќе биде вратена на онаа од дуелот со Словачка (4-4-2) при што наредниве денови ќе се трага по вистинската тактичка поставеност во офанзивните редови. Во најистурената офанзивна линија против Андорците јасно е дека ќе бидат Илчо Наумоски и Стевица Ристиќ, додека за Иван Тричковски, како и во Братислава, најверојатно ќе има место на левокрилната позиција во средниот ред.

Откако по пауза од повеќе од една година, повторно доби повик во нашиот најдобар состав, Дарко Тасевски, малерозно по вчерашната повреда повторно нема да биде со репрезентативците иако, нешто слично како и во дел од периодот кога Словенецот Среќко Катанец беше на клупата на националниот тим, за него против Андора се подготвуваше улогата на Горан Пандев во репрезентацијата. Средниот креативен ред е очигледно најсериозната болка во нашата селекција на стартот од евро-квалификациите, па според размислувањата на селекторот од тој аспект свежина ќе се бара од Агим Ибраими заедно со Марио Ѓуровски, Славчо Георгиевски и Величе Шумуликоски. Во одбранбената линија, без промени единствено е јасно дека на местото на Горан Попов по левата страна од првата минута во игра ќе биде членот на белградски Партизан, Александар Лазевски заедно со Игор Митрески и Николче Новески на централните позиции и најверојатно Александар Тодоровски по десната страна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...