И покрај проблемите одиме на победа

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз најавува победа на дуелот со Андора и покрај проблемите со повредени играчи.

На квалификацискиот дуел в петок во Ла Вела во составот на Македонија нема да бидат Горан Пандев, Горан Попов, Дарко Тасевски и Дарко Тофиловски.

- Во пресрет на двете претстојни квалификациски средби се судруваме со многу повредени играчи. Сепак, можам да кажам дека атмосферата во националниот тим е добра. Сите бевме под мал психолошки притисок по шпекулациите околу иднината на Пандев во националниот тим. Добро е што нашиот капитен ги демантираше гласините околу напуштањето на репрезентацијата. Имаме доволно информации за играта на противникот, подготвени сме да одиграме максимално сконцентрирано и да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е победа, изјавува Јонуз за веб страницата на ФФМ.

Тој додава дека Стручниот штаб направи анализа на досегашните 14 натпревари што ги одигра Македонија под негово водство. Анализата се однесува на позиции од кои се постигнати головите, позиции од кои се примени головите, пропуштените шанси, слабости во извршувањето на тактичките задачи. Направена е анализа и на играта на Андора на средбата со Русија и според Јонуз се работи за цврст, незгоден противник кој главен акцент става на опструкцијата на играта и движењето на противникот.

Македонските фудбалери претпладнево го искористија за прошетка, а единствениот денешен тренинг е закажан за 19 часот, термин кога ќе биде одигран и натпреварот со домаќинот Андора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...