"Со задоволство би се вратил"

"И до мене стигнаа најавите дека сум бил во комбинација да го заменам Јонуз, но не би коментирал ништо. Нека поминат дуелите со Андора и Русија..", изјавува Хаџиевски од Баку

Се поголеми се најавите дека Ѓоко Хаџиевски е прв пик на ФФМ и на луѓето кои се блиски до Хаџи-Ристески за наследник на Мирсад Јонуз. Нашиот трофеен стратег кој сега има ангажман во Азербејџан има шанси по речиси една деценија да се врати на репрезентативната клупа. А зошто да не!? Тој ги има најголемите успеси и во негово време сме биле најблиску до пласман во бараж.

"Уште пред неколку дена некои пријатели ми јавија дека ако го менуваат Јонуз јас сум имал големи шанси да го наследам...", коментира Хаџиевски од Баку каде има професионален ангажман во екипата на Симург.

"Зошто да не!? Со задоволство би се вратил да работам со репрезентацијата. Тоа е се од мене во моментов на оваа тема. Не би зборувал и не би навлегувал во поединости. Ова го правам од професионална гледна точка затоа што сега нашиот национален тим има квалификациски настап. Сега е потребна поддршка за Јонуз и репрезентативците затоа што за општ интерес на сите е да се победат овие два меча и да го спасиме квалификацискиот циклус", посочува нашиот трофеен тренер кој напомена дека немал контакт со никого од ФФМ околу селекторската функција.

Смена на селекторот во националниот тим ќе се случи само ако репрезентацијата не ги освои 6 бодови против Андора и Русија. Секој друг резултат ќе значи и заминување на Јонуз, кој има и ултиматум од фудбалското раководство. И самиот селектор пред дуелите најави дека само со 6 бода ќе се спасат квалификациите.

Според она што "Македонски спорт" го дознава а беше пренесено во вчерашното наше издание Хаџиевски е единствената алтернатива во моментов.

"Еден ден ќе се вратам повторно како селектор на Македонија", рече Хаџиевски во далечната 2000 година, а таа изјава ја потврди и вчера во текот на нашиот телефонски разговор. Можеби сега е вистинскиот момент. Ако можеше Канатларовски да добие две шанси може и Хаџиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...