МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПРВИОТ ТРИУМФ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2012

Само една обична победа

Два гола со глава, и тоа на Наумоски и Шиков, кои стрелаа за планираните бодови во Андора за голема радост на нашата клупа небаре сме победиле светска велесила. Играта да не се повтори доколку сакаме добар резултат во вторник протов Русија


КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2012 - ГРУПА Б

АНДОРА - МАКЕДОНИЈА 0:2 (0:1)

Стадион "Комунале" во Андора Ла Вела. Гледачи: 200. Главен судија: Гедиминас Мазеика. Помошници: Саулиус Дирда и Арунас Шескус (сите од Литванија)

АНДОРА

Гомес 2
Бернаус 2
Мартинез 2,5
(74' Хименез /)
Виеира 1,5
Ајала 2
(86' Боусенине /)
Ескура 1,5
Валес 1,5
Морено 2
Меијас 1,5
(62' Лоренцо 1,5)
Силва 1,5
Гомез 2,5

МАКЕДОНИЈА

2,5 Нурединоски
2 Лазаревски
2 И. Митрески
2 Новески
2,5 Шиков
2 Шумуликоски
(/ Грнчаров 82')
2 Деспотовски
/ Георгиевски
(2,5 Ѓуровски 34')
2 Тричковски
2,5 Наумоски
(2,5 Ибраими 73')
2 Ристиќ

Стрелци: Наумоски 42', Шиков 60' (М). Ж. картони: Ескура (А)

Играч на натпреварот: Марио Ѓуровски

Очекувана победа, неубедлива игра и два гола во мрежата на Андора. Македонската репрезентација се избори за заслужена победа со која стигна до планираните три бода на гостувањето кај аматерскиот тим на Пиринеите. Ќе се памети резултатот, но во никој случај и играта на избраниците на Мирсад Јонуз. Овој дуел против слабата Андора беше еден вид на добар тест за нашите најдобри фудбалери пред она што нe очекува во вторник и дуелот со силната Русија во Скопје. Синоќешниот дуел тука во Ла Вела мина во знакот на головите на Илчо Наумоски и Ванче Шиков. Двата беа со глава и двата по изведени корнери. Шанси направивме откако имавме 0:2 и откако Андора тргна да постигне почесен гол. Само за споредба. Домашните во ниту еден момент не играа бункер. Сe до голот на Наумоски аматерите имаа контрола на играта, напаѓаа и создаваа проблеми пред голот на Нурединовски. Не функционираше нашата игра во тие моменти од средбата кога како да не знаевме што сакаме, а времето минуваше. Откако Андора двапати сериозно се закани стигна и погодокот на Наумоски од тешка позиција и со глава во таа пресудна 42. минута. Високиот шпиц го донесе посакуваното водство по кое сe беше полесно и поедноставно во вторите 45 минути. Андора не е селекција која има сили, капацитет и знаење да се врати во игра по негатива. Впрочем, ова е селекција која секој ја победува па така и ние вчера. Стигнавме до само една обична и планирана победа која е прва за нас во третиот квалификациски меч во групата за пласман на ЕП 2012. Истата ја потврди Ванче Шиков со неговиот втор гол во дресот со државниот грб. Стоперот со глава ја закова топката во мрежата на домашните кога во 60. минута беше највисок во скокот при изведениот корнер од Марио Ѓуровски. Со неговиот гол бодовите беа веќе заверени, а потоа имавме уште неколку зрели шанси по кои Ристиќ, Ибраими, Тричковски... неуспеаја да донесат убедлив триумф.

Андора е премногу слаба селекција и веќе е сигурно дека сите во нашата група ќе ги освојат максималните 6 бодови од дуелуите со аматерите. Затоа нејасна и нелогична беше реакцијата на нашата клупа, но и меѓу делегацијата на ФФМ во Андора кои се радуваа како мали деца кога Наумоски и Шиков ги даваа головите. Небаре сме направиле некоја голема работа. Добра работа е и тоа што не добивме ниту еден жолт картон па затоа сите ќе бидат на располагање и за главниот меч кој се игра за 3 дена.

Македонија ја оствари целта во Андора, но, сепак, ваквата очајна игра мора да се корегира доколку се сака добар резултат на дуелот со Русите кои исто така пред еден месец на истиот овој терен славеа над аматерите со идентични 0:2. Нашите фудбалери иако без повредените Пандев и Попов резултатски ги оправдаа очекувањата. Оваа селекција во минатото ни создаде големи проблеми и оној срамен пораз во 2004 година кога целата фудбалска јавност беше шокирана. Само ние знаеме како тогаш се загуби од една ваква селекција. Затоа во моментов нашиот национален тим по "киксот" со Ерменија со оваа селекција ќе се бори за 4 место во групата каде фаворити се селекциите на Русија, Република Ирска и Словачка. За да се спаси квалификацискиот тим нашите фудбалери ќе треба да ја совладаат и "зборнајата".

Минута по минута...

19' - По изведениот корнер, Шумуликоски со волеј удар се обидува од 20 метри, но над голот на Гомес

20' - Од околу 25 метри и Морено се обидува на спротивната страна, но непрецизно

25' - Сега и Виеира се обидува со шут од нешто повеќе од 20 метри, но повторно над голот на Нурединоски

37' - Мартинез од десната страна во обид да центрира, меѓутоа топката завршува под пречката на нашиот гол, каде Нурединоски со крајни напори исфрла во корнер

0:1 - 42' - По убаво изведениот корнер на Лазаревски, Наумоски највисок во скокот со глава од 6-7 метри на вториот дирек сместува под самата пречка

47' - Одлична можност за Андорците. Гомез шутира откосо од десната страна, но Нурединоски интервенира не дозволувајќи израмнување

49' - Ѓуровски од 18 метри одлично шутира, но Гомес не дозволува нов погодок во својата мрежа

53' - Новески со глава упати удар непрецизно по корнерот на Тричковски

54' - Меијас се обидува од далечина, но нашиот голман на место

55' - Ристиќ одлично се пробива по десната страна, шутира прецизно ниско по земја од околу 16 метри, но Гомес брани исфрлајќи во корнер

57' - Тричковски ослободувајќи се од двајца дефанзивци на Андора шутира од 16 метри, но домашниот голман уште еднаш сигурен на својата линија

0:2 - 60' - Шиков ефектно со удар со глава од само неколку метри го користи убаво изведениот корнер на Ѓуровски од десната страна

67' - Гомез уште еднаш на тест ги става квалитетите на Нурединоски шутирајќи со ножички од 15 метри, но македонскиот голман сигурен

83' - Во последен удар нашата одбрана го блокира ударот на Хименез од девет-десет метри, откако претходно Нурединоски несигурно интервенираше

86' - Гомес одлично го скротува ударот на Ибраими од 12-13 метри по одличното проигрување на Тричковски од левата страна

Андора со шанси и 9 корнери

Домаќините се наиграа како никогаш досега на еден квалификациски натпревар. И тоа против Македонија на синоќешниот натпревар. Иако загубија со 2:0 домашните можат да се пофалат дека беа до 60. минута рамноправна селекција, а на моменти и репрезентација која беше опасна по нашиот гол. Един Нурединовски беше на висината на задачата затоа што 3-4 пати беше сигурен при лошите и незгодни удари од далечина. Андора ни упати дури 10 удари по нашиот гол од кои 6 беа директни, а аматерите изведуа и дури 9 корнери.

Јонуз ја утна тактиката

Славчо Георгиевски беше жртвата на лошата проценка на селекторот Мирсад Јонуз. Дефанзивниот фудбалер за врска уште во 34. минута беше заменет со гол играчот Марио Ѓуровски. Јонуз тргна премногу дефанзивно. Првиот дел очаен и можеби никогаш послаб кога станува збор за нашиот национален тим во дуелите со аутсајдерите. Средниот ред и на оваа средба и против оваа Андора не доминираше ја немаше контролата во играта.

Со чевли на тренерки, "сликари"...

Едвај стотина навивачи го следеа вчерашниот дуел во Андора. Во таа бројка и делегацијата на ФФМ која доживеа уште една екскурзија. Ги видовме нивните лица за време на интонирање на химните. Повеќето од соработниците на Хаџи-Ристески со фотоапарати во рацете прибираа моменти со кои ќе можат да се "прчат" на своите пријатели. Како фотограф и Лазар Нанев десната рака на човеко од Прилеп. Добро што за на средбата ја сменија гардеробата затоа што неколку часа пред дуелот некои од членовите на УО изгледаа смешни низ улиците на Ла Вела. Облечени со тренерки на ФФМ во комбинација со чевли. Каков срам!

Од Ла Вела

Васко Арсовски

Фото: Јоже Олевски




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...