Хаос во Џенова во режија на српските хулигани

Српскиот фудбал синоќа го доживеа најголемиот срам во историјата. По хаосот кој владее во Фудбалската федерација сега и репрезентација трпи поради односот на навивачите кои се добро познати на светската сцена. Српските хулигани во Џенова им ја нанесоа на репрезентацијата и српскиот фудбал воопшто најголемата брука откако не дозволија да се одигра мечот меѓу нивната селекција и Италија. Очигледно беа дојдени да го прекинат мечот и во тоа успеаја.

Најпрвин почетокот на дуелот доцнеше 35 минути бидејќи палеа факели и ги фрлаа на теренот, кршеа столчиња и заштитната ограда од плексиглас, па заради безбедност фудбалерите беа повлечени во соблекувалните. Веднаш пред трибината се распоредија италијанските специјалци кои со водени топови се обидоа да ја растераат разулавената толпа. До контакт не дојде, а немаше ни празнење на трибините. За момент ситуацијата се смири и фудбалерите повторно излегоа на теренот. Капитенот Дејан Станковиќ со гестикулации се обиде да им каже да престанат со нередите. И кога се очекуваше дека се ќе биде во ред седум минути подоцна повторно полетаа факели, а навивачите повторно почнаа да ја кршат оградата, па фудбалерите повторно беа повлечени во соблекувалните. Повторно реагираа специјалците, а се чекаше на конечен договор меѓу безбедносните сили, арбитрите и делегатот на УЕФА. Тогаш шкотскиот судија Крег Томсон реши дефинитивно да го прекине мечот и да го остави целиот случај во рацете на Европската куќа на фудбалот. За последиците кои ќе ги претрпи Србија рано е да се зборува, но јасно е дека ќе бидат многу сериозни. Освен службени 3:0 и соодветна парична казна, Србија може да се соочи и со исфрлање од квалификациите и можеби и на подолго време во зависност од тоа како ќе одлучи дисциплинската комисија на УЕФА.

Инаку италијанските медиуми информираат дека пред почетокот на мечот пред стадионот фановите се спречкале со полицијата фрлајќи камења и шишиња кон нив, а дури и стигнале до автобусот на својата репрезентација кон кој фрлиле димна бомба.

Еден ден претходно при пристигнувањето на српските репрезентативци во Италија помала група на "Делии" го "пречекала" голманот Владимир Стојковиќ со жестоки навреди, а потежок инцидент спречиле неговите соиграчи. Фановите на Звезда се уште неможат да му го простат потегот на поранешниот миленик кој оваа сезона ги измами и премина во најголемиот ривал Партизан. Поради големата тензија Стојковиќ одбил да настапи на натпреварот, а и селекторот Владимир Петровиќ не успеал да убеди па на голот го стави "резервистот" Жељко Бркиќ.

До пред прекинот (во петтата минута) Италијанците успеаја да постигнат погодок кој беше прекинат поради офсајд.

Фантастично изненадување направија фудбалерите на Азербејџан кои успеаја да ја совладаат фаворизираната Турција еден од кандидатите за пласман на Европското првенство во Полска и Украина 2012 година. Азербејџанците ја остварија првата победа по седум натпревари во серија односно прва по март 2010 година кога на гости го совладаа Луксембург. Тренерот на домашните Германецот Берти Фогс го надмудри својот колега на спротивната страна Холанѓанецот Гус Хидинг кој едноставно немаше решение како да ја подигне екипата по убедливиот пораз од Германија во петокот. "Фенерџијата" до пред ова коло стигна до триумфот од 1:0 благодарение на голот на играчот кој настапува во турскиот шампионат во Есхишехир Рашад Садигов во 39 минута. Инаку на вчерашниот дуел во Баку Турците ја имаа топката во свој посед, најдобрите можности ги имаат домашните. Стопроцентни шанси утнаа Џавадов во 9., Чертоганов во 54. и Абушев во 76 минута. Сепак, домашните не дозволија да бидат казнети и со тоа ги извојуваа првите бодови во групата и го турнаа Казахстан на дното, кој, пак загуби од Германија со убедливи 3:0. Со овој втор пораз во серија Турците си ги загрозија шансите за место на ЕП.

И репрезентацијата на Фарските Острови направија изненадување откако & откинаа бод на Северна Ирска. Домашните одиграа квалитетен натпревар, додека, пак, гостите се изнапромашуваа но сепак се извлекоа од пораз. Кристијан Холст ја донесе малата островска држава во водство по еден час игра, а во третиот свој обид Кајл Лаферти го погоди голот и израмни 15 минути подоцна. По ова реми Ирците тотално го упропасти трудот од претходните два меча победата над Словенија во Љубљана и ремито со Италија на домашен терен. Овој резултат значи добри вести за Италија која е фаворит во групата но и Србија и Словенија кои го бркаат второто место во групата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...