Мислев дека хулиганите ќе не убијат

Српските репрезентативци и два дена по навивачките нереди во Џенова не можат да се соземат од она што се случуваше на стадионот Луиџи Ферарис. Дел од нив немаат храброст ниту да излезат пред новинарите бидејќи речиси кај сите постои страв и разочарување од инцидентите што Србија ја покажаа во црно светло пред целокупната светска, не само фудбалска, јавност. Прв се осмели да излезе фудбалерот на Зенит, Данко Лазовиќ, кој призна дека во тешките моменти помислувал и на најлошото.

"Седевме во запален автобус, се гушевме од чад, а не смеевме да ја отвориме вратата и да излеземе затоа што надвор не чекаше толпа навивачи подготвени на линч. Што друго да помислиме во тие моменти освен дека дојде моментот да се умира...", изјави Лазовиќ за Курир.

Српските хулигани го прекинаа квалификацискиот натпревар со Италија во Џенова, а во пресрет на мечот фрлија факел во автобусот со кој се превезуваа репрезентативците на оваа земја. Сакаа да дојдат до голманот Владимир Стојковиќ за да му појаснат дека играч на Црвена Звезда не може да игра и за Партизан.

"Којзнае што ќе се случеше ако Станковиќ и Жигиќ не застанеа на вратата. Ги спречија хулиганите да влезат во автобусот, секоја чест за тоа. Целиот стадион потоа ни пееше: Бевте и останавте цигани. Не мислам ништо лошо за Италијанците, тие со тоа ни покажаа колку сме ценети и што се зборува за нас во Европа по онаа ноќ. Посебно ми е жал за капитенот Дејан Станковиќ. Човекот гради име во Италија 12 години, ја претставува Србија на најдобар можен начин и потоа сето тоа исчезнува за неколку минути", додаде Лазовиќ.

Исплашени за својот живот биле и Красиќ и Кузмановиќ, кои не се многу навикнати на навивачки хулиганизам затоа што голем дел од своите кариери поминаа во странство. Всушност, Кузмановиќ е роден во Швајцарија и никогаш не играл во српското првенство, додека Красиќ си замина од татковината на печалба на само 20 години. И двајцата се многу почитувани во Италија затоа што Кузмановиќ до лани го носеше дресот на Фиорентина, а Красиќ од ова лето е член на Јувентус и во моментов е еден од најдобрите фудбалери на торинскиот гигант.

"Разговарав со Красиќ и Кузмановиќ, беа вознемирени, разочарани и полни со горчина. Тие само сакаа да одиграат еден добар натпревар со голем број шампиони на теренот. Затоа се погодени од ситуацијата", изјави агентот на двајцата фудбалери, Марко Налетиќ.

Красиќ деновиве ништо не изјавува за италијанските медиуми. Се очекуваат голем број прашања, но во Јувентус одлучија да го заштитат и да му обезбедат во мир да се подготвува за следниот натпревар од Серија "А".

Највисоките српски државници во последните два дена официјално им се извинија на своите италијански колеги, а тоа го направи и Дејан Станковиќ, кој 12 години игра во Италија. Епилогот од овој инцидент најверојатно ќе биде познат на 28 октомври кога заседава Дисциплинската комисија на УЕФА. Тогаш ќе биде одлучено како ќе се регистрира овој натпревар, но и каква дополнителна казна ќе добие Србија. Во оптек се парични казни, играње без публика, елиминација од квалификациите, а екстремна опција е забрана на настап во неколку натамошни квалификациски циклуси. Таква казна се уште не е изречена во историјата на УЕФА, ниту по сериозните нереди кои ги правеа англиските, холандските, германските и полските навивачи.

На фудбалот во овој момент никој не ни размислува. Србија е на петтото место во својата група по четири одиграни натпревари и вистинско чудо ќе биде (доколку добие дозвола за довршување на квалификациите) ако обезбеди пласман во баражот во групата каде се наоѓаат Италија, Словенија, Северна Ирска, Естонија и Фарски Острови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...