Реал Мадрид ќе го искористи Карим Бензема за во своите редови да го доведе голгетерот на Манчестер Јунајтед и на Англија, Вејн Руни.
"Кралскиот клуб" ќе понуди 50 милиони евра плус Французинот за да го доведе Руни, кој одби да го продолжи договорот со клубот од "Олд Трафорд" и се наоѓа во затегнати односи со менаџерот сер Алекс Фергусон.
Фергусон и претходно сакаше да го ангажира Бензема, кој не е во прв план кај Жозе Мурињо, а беше блиску до трансфер вреден 28,5 милиони евра во Манчестер Јунајтед во минатото лето, но го одбра Реал.