Разочаран сум од Руни

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, потврди дека клубот наскоро ќе остане без својот најдобар играч Вејн Руни. Шкотскиот стратег реши да се надоврзе на последните информации кои излегоа во медиумите и додаде дека бил изненаден кога дознал дека Руни одбил да го продолжи договорот и побарал да биде продаден. Истовремено изјави дека е разочаран од неговиот однос бидејќи тврди дека многу му помогнал за напредок во кариерата и сега напаѓачот му враќа на лош начин.

"Бев во канцеларијата на Дејвид Гил (извршниот директор) на 14 август и ми рече дека е вознемирен по разговорот со агентот на Руни. Кога го прашав за што станува збор, ми рече дека Руни не сака да го обнови договорот. Останав без зборови. Не можев да го разберам потегот бидејќи само еден месец претходно ми рече дека Јунајтед е најдобриот клуб во светот и посакува да остане овде долго време. Не знам што го променило неговото мислење. Дејвид беше во шок исто и јас. Веднаш заминав да разговарам со него и тој ми го потврди тоа што го кажа Дејвид. Сака да замине. Му порачав да се присети што се клубот направи за него и колку му помогна да се развие како фудбалер", изјави Фергусон.

68-годишниот менаџер исто така откри дека немало никакви недоразбирања со својот најдобар играч иако Руни го изјави спротивното. Претходно Ферги го изостави фудбалерот на последните неколку дуели поради повреда, а овој настапи за репрезентацијата и изјави дека е 100% подготвен.

"Тврдам дека беше повреден. Го пративме на прегледи и резултатите потврдија дека не е способен да тренира. Не знам зошто го изјавил спротивното. Досега не сме имале никакви караници", додаде шкотскиот менаџер.

За сега Јунајтед е на добар пат да ја изгуби својата ѕвезда на ист начин како што остана без Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Руд ван Нистелрој и Јап Стам. Само Руни знае зошто не сака повеќе да игра за Манчестер Јунајтед, а нам ни останува само да погодуваме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...