Играчите на Јунајтед му свртеа грб на Руни

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се уште се во шок од најавите на Вејн Руни дека ќе си замине, меѓутоа инсистираат дека се подготвени да ја пребродат кризата и да продолжат без него. Руни изјави дека нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед што значи доколку клубот не го продаде ова лето ќе остане на Олд Трафор до истекот на договорот летото 2012 година и потоа како слободен ќе си замине. Информациите говорат дека Руни посакувал 14 милиони евра годишна плата нешто што во моментов Јунајтед не е способен да му овозможи. Вчера менаџерот Алекс Фергусон имаше состанок со извршниот директор Дејвид Гил со цел да се проба да се најде решение Руни да остане како и да се направи план што понатаму доколку си замине. Додека управата се бори како да го разубеди, соиграчите не веруваат дека Руни и следната сезона ќе го носи дресот на "Црвените ѓаволи" бидејќи е заситен од Манчестер Јунајтед.

"Вистина е дека никој не сака Руни да си замине меѓутоа доколку решил да го смени клубот нека го стори тоа. Тимот ќе опстои и без него", изјави Патрис Евра.

"Во минатото неколку големи фудбалери го напуштале Манчестер па клубот продолжил да реди успеси. Ако е решен да не напушти слободно нега си оди. Можеме да одговориме на задачите и без него. Само нека запамети дека Јунајтед е најголемиот клуб во светот", изјави Дарен Флечер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...