Снајдер не е меѓу фаворитите за Златната топка

Холандскиот репрезентативец и играч на Интер Весли Снајдер според досегашните прогнози беше еден од фаворитите за овогодишната Златна топка, меѓутоа тиражниот италијански весник Газета дело Спорт открива дека тој не се наоѓа ни меѓу првите тројца кандидати за престижната награда на ФИФА. Снајдер со право се вбројуваше меѓу победниците поради трите трофеи со Интер и финале на СП со Холандија.

Газета од извори блиски до ФИФА дознава дека Снајдер не се наоѓа во потесниот круг на кандидати. Според нивните информации првите три места ги држат фудбалери на Барселона аргентинскиот "волшебник" и минатогодишен освојувач на титулата Лионел Меси како и двајцата шпански репрезентативци Андрес Иниеста и Чави Хернандез. Токму Иниеста е посочен како победник поради успехот со репрезентацијата на Мундијалот во Јужна Африка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...