Базел во невозможна мисија

Со осумте натпревари коишто ќе се одиграат денес ќе се комплетира 6. коло и воедно ќе се знаат имињата на сите екипи коишто ќе учествуваат во осминафиналната ждрепка.

Најголемите возбудувања се очекуваат да бидат на терените во Германија, Романија и Украина каде што ќе се бара шансата да се стигне до триумф и во последен момент некои од екипите да се вбројат меѓу патниците во осминафиналето.

ГРУПА "Е"

Првото место во оваа група е веќе решено. Баерн е сигурно прв дури и доколку на крајот заврши со ист број на бодови како Рома. Тука е останато отворено само прашањето која екипа ќе му се придружи на тимот од Минхен во осминафиналето како второпласирана во групата.

И Рома и Базел имаат свои шанси, а и двете екипи гостуваат. Рома е во предност. Гостува кај тим кој нема никакви шанси за да се пласираа ни во Лига Европа. Во таква ситуација може да играат само за честа.

Што се однесува до Базел, овој тим гостува во Германија каде што составот на Баерн Минхен е фаворит. Иако на домаќинот овој меч не му менува ништо, сепак, сигурно нема лесно да му ги препушти бодовите на гостинскиот тим.

Во случај Рома и Базел да завршат со ист број на бодови, Швајцарците се во предност.

ГРУПА "Ф"

Ова е единствената група каде што се е решено и двата меча нема да изменат ништо на табелата. Челзи е сигурно прв, а како второпласиран во осминафиналето поминува и тимот на Марсеј. Спартак Москва се зезна самиот на домашен терен против Французите и сега не може да направи ништо повеќе од 3. место. Жилина, пак, е убедливо последна.

ГРУПА "Г"

Прашањето за првото и второто место е веќе одговорено. Реал Мадрид е прв и не може да биде симнат од врвот, додека Милан оди понатаму во ЛШ како второпласиран.

Тука битката е за третата позиција, а се решава на различни терени.

И Оксер и Ајакс имаат тешки гостувања. Французите се во Мадрид каде што сезонава Реал се уште нема пораз. Ајакс, пак, оди во Италија, а со оглед на одличната форма на тимот на Милан ќе биде навистина тешко да се освојат бодови.

Оксер може во Лига Европа доколку дојде до три бода или бод, но Ајакс да загуби. Секоја друга комбинација ќе биде поразителна за Французите и ќе останат без шанса за да се искачат на 3. позиција.

ГРУПА "Х"

Тука се е можно до последен момент. Арсенал има најлесен противник. Го пречекува Партизан и тука не би требало да има никакви проблеми. Со три бода Арсенал е сигурно во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Неизвесно е кој ќе биде вториот тим иако и за ова прашање одговорот е само формалност. Шахтјор е во предност бидејќи веќе има предност од три бода во однос на конкурентите. Игра на домашен терен, а од првиот меч против Брага има триумф од 3:0.

Сето ова го прави составот на Шахтјор кандидат за да заврши дури и на првото место во групата со што ќе го направи најголемото изненадување во главната фаза од Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...