Македонија на 80. место ќе ја заврши 2010!

Македонската репрезентација, согласно пресметките на пооделните интернет страници, актуелната календарска година ќе ја заврши на 80. место на ФИФА листата, која официјално треба да биде објавена на 15 декември.

Нашиот национален тим со пад од уште четири места, во однос на ноемвриското рангирање, ќе биде на декемвриската ФИФА листа со вкупно 441 бода на своето конто, што ќе претставува наш најлош пласман на крајот од една календарска година во последните пет години. Претходно, 2009 година ја завршивме на 65. место, 2008 на 56. место, 2007 година на 58. место, додека 2006 година на 54. позиција на ФИФА рангирањето. Претходно, послаборангирани од 80. место сме ја завршиле 2005 година на 87. место. Наш најдобар пласман на ФИФА листата во историјата е 46. место од октомври 2008 година.

Како најдобра репрезентација на ФИФА годината ќе ја заврши Шпанија на првото место, пред Холандија, Германија, Бразил, Аргентина, Англија, Уругвај, Португалија, Египет и Хрватска.

ФИФА ЛИСТА - ДЕКЕМВРИ 2010

1. Шпанија 1887 (0)

2. Холандија 1723 (0)

3. Германија 1485 (+1)

4. Бразил 1446 (-1)

5. Аргентина 1338 (0)

6. Англија 1195 (0)

7. Уругвај 1152 (0)

8. Португалија 1090 (0)

9. Египет 1077 (+1)

10. Хрватска 1075 (-1)

13. Русија 982 (0)

17. Словенија 897 (-2)

20. Словачка 854 (-2)

23. Србија 837 (+2)

25. Црна Гора 824 (+1)

36. Р. Ирска 681 (-4)

44. БиХ 596 (+7)

59. Ерменија 515 (0)

64. Албанија 497 (-6)

80. МАКЕДОНИЈА 441 (-4)

202. Андора 2 (0)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...