И англискиот премиерлигаш Ливерпул сака во своите редови да го види Бразилецот Роналдињо, кој е пред заминување од Милан, каде не е во прв план.
Ливерпул е последниот тим во долгата низа клубови кои се заинтересирани за услугите на асот на Милан, Роналдињо.
30-годишниот Бразилец стана "периферен член" на "росонерите", бидејќи тренерот Алегри го форсира неговиот сонародник, Робињо.
Италијанските медиуми сега тврдат дека го сака и Ливерпул, бидејќи Хоџсон бара креативен играч.
Тој на "Енфилд" би се преселил како слободен играч во јуни, што му остава можност да разговара со останатите клубови. Доколку стигне порано на "Мерсисајд", би бил позајмен до крајот на сезоната.
Но ''црвените'' мора да го убедат популарниот Дињо да ги намали барањата за годишна плата, која сега на ''Сан Сиро'' му изнесува 7,5 милиони евра.
Искрено речено, тоа е тешко да се очекува, бидејќи Бразилецот доколку си замине од Милано најверојатно ќе ги прифати 10 милиони евра понудени од Галакси.