По одигрувањето на синоќешните осум натпревари, заврши фазата по групи во фудбалската Лига на шампионите по која се познати екипите кои ќе продолжат во пролетниот дел од ова натпреварување во нок - аут делот.
Преглед на натпреварите во групите „Е“, „Ф“, „Г“ и „Х“.
„Е“ група: Баерн Минхен - Базел 3:0 и Клуж - Рома 1:1.
Табела: Баерн 15 бодови, Рома 10, Базел 6, Клуж 4.
„Ф“ група: Олимпик Марсеј - Челзи 1:0 и Жилина - Спартак Москва 1:2.
Табела: Челзи 15 бодови, Олимпик Марсеј 12, Спартак Москва 9, Жилина 0.
„Г“ група: Реал Мадрид - Оксер 4:0 и Милан - Ајакс 0:2.
Табела: Реал Мадрид 16, Милан 8, Ајакс 7, Оксер 3.
„Х“ група: Арсенал - Партизан 3:1 и Шахтјор - Брага 2:0.
Табела: Шахтјор 15, Арсенал 12, Брага 9, Партизан 0.
Пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите изборија: Тотенхем и Интер („А“ група); Шалке и Лион („Б“ група); Манчестер Јунајтед и Валенсија („Ц“ група); Барселона и Копенхаген („Д“ група); Баерн Минхен и Рома („Е“ група); Челзи и Олимпик Марсеј („Ф“ група); Реал Мадрид и Милан („Г“ група) и Шахтјор и Арсенал („Х“ група).
Третопласираните од групите обезбедија пласман во Лигата на Европа: Твенте („А“ група); Бенфика („Б“ група); Глазгов Ренџерс („Ц“ група); Казан („Д“ група); Базел („Е“ група); Спартак Москва („Ф“ група); Ајакс („Г“ група) и Брага („Х“ група).
Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се одржи на 17 декември во Нион, Швајцарија.