Претседателот на Интер, Масимо Морати во случај на Бенитез да му врачи отказ, најверојатно би заиграл на карта Леонардо.
Во понеделникот Морати изјави дека не сака понижување во Бремен, но по само 24 часа, фудбалерите лесно загубија.
Изгледа дека му е доста од се и ќе започне преговори со поранешниот тренер на Милан.
Морати е подготвен да му понуди долгогодишен договор, како и да направи нов проект за Интер. Сака стабилност и работа на долги патеки, а не е подготвен да ги трпи постојаните приговори на Бенитез за засилување на екипата.
Во "чекалната" се Зенга, Симоне и Леонардо, но се проценува дека Бразилецот има најголеми шанси.