Интер мора да стане светски првак

Претседателот на Интер, Масимо Морати, истакна дека се чувствува "предаден" по дебаклот од Вердер во Бремен во последното коло од Лигата на шампионите. Морати е изморен од ветувањата на Бенитез па му постави јасна задача освојување на Светското клупско првенство. Шпанецот се жалеше на честите повреди на фудбалерите поради кои тимот никако не успева да одигра еден квалитетен меч, но Морати не мисли така и е подготвен да се раздели доколку уште еднаш "киксне".

"Се чувствувам предаден, како секогаш по пораз. Повеќе нема оправдувања. Мора да се освои Светското клупско првенство", изјави Морати, кој не сакаше да појасни дали ќе го "шутне" Бенитез во случај на неуспех на турнирот во Абу Даби.

"Не сакам да создавам проблеми пред почетокот, ни за време на Светскиот клупски шампионат. Прво да одиграме па потоа ќе видиме", додаде Морати.

Интер своите натпревари ќе ги започне идната недела во полуфиналето.

Инаку, италијанските медиуми шпекулираат дека клубот веќе почнал разговори со селекторот на Англија Фабио Капело за преземање на кормилото. Наводно Морати му се јавил да ги чуе неговите размислувања и идеи, па се очекува реакција од него. Во конкуренција за наследници на Бенитез се споменуваат екс-тренерот на Милан Леонардо, потоа Валтер Ѕенга и Аргентинецот Диего Симеоне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...