ДЕНЕСКА СЕ ИГРА ПРВИОТ ЧЕТВРТФИНАЛЕН МЕЧ ВО СВЕТСКИОТ КЛУПСКИ ШАМПИОНАТ

Мазембе најави сензација

Африканскиот шампион Мазембе и првакот на Северна и Средна Америка Пачука ќе ги отворат четврфиналните дуели на Светскиот клупски шампионат во Абу Даби. И двата клуба имаат искуство бидејќи претставникот од Конго по вторпат е на светскиот собир, а Мексиканците по третпат. Минатата сезона Мазембе се "сопна" уште на првиот меч, но остави впечаток дека се работи за одличен состав, па оваа година со многу поголеми амбиции влегуваат на турнирот. "Гавраните", како што е нивниот прекар, се надеваат дека ќе испишат клупска историја и ќе стигнат до големиот меч со бразилскиот Интернационал.

"Минатата година несреќно загубивме во четвртфиналето, но оваа доаѓаме поискусни и подготвени. Искрено, не знаеме ништо за Пачука. Но не не интересира противникот, ние доаѓаме со големи амбиции и посакуваме сензација на турнирот", изјави капитенот на Мазембе Михајо.

Пачука најдобриот резултат го оствари во 2008 година кога го освои четвртото место, а во 2007 беше елиминиран во првото коло од тогашниот африкански првак Етоил ду Саел од Тунис.

"Целта ни е да стигнеме до финалето и да играме со Интер. Знаеме дека нема да биде лесно бидејќи има многу незгодни противници на турнирот. За Африканците знаеме дека поседуваат квалитет иако никогаш не сме ги гледале", изјави напаѓачот на Пачука Едгар Бенитез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...