Интер започна преговори со Капело

Актуелниот европски и италијански првак, Интер започна преговори со Фабио Капело, селекторот на англиската фудбалска репрезентација, околу можно преземање на клупата на миланскиот клуб.

Рафа Бенитез долго време се наоѓа на удар на критиките и се помало е трпението во клубот, а тоа би можело да биде во целост загубено ако шпанскиот стратег не го доведе Интер на тронот на Светското клупско првенство кое е во тек.

Ништо подобра не е ситуацијата ниту на Фабио Капело, кого медиумите го 'распнаа' по неуспехот на југот на Африка, каде со силна репрезентација не успеа да стори ништо повеќе од осмина финале на Мундијалот.

Според информациите на дел од италијанските медиуми, претседателот на Интер, Масимо Морати веќе го исконтактирал Капело и му ги пренел своите мисли и идеи, па се очекува реакцијата на прославениот стратег кој - водејќи ги Милан, Јувентус, Рома и Реал Мадрид - освои петнаесет титули.

Во конкуренција за наследник на Бенитез и понатаму се и Диего Симеоне, Валтер Зенга и Леонардо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...