"Дуелот со Ето вистинска контрола за Ирска"

"Натпреварот со Камерун треба да биде наша генералка за тоа што не очекува во март. Квалификациите за Македонија не се завршени... На тој начин сите заедно треба да размислуваме следниот период", вели Пандев

Ако основата на пријателскиот натпревар кој македонската репрезентација утре, со почеток од 17:30 часот, на "Филип Втори" го очекува против Камерун е наша генерална проверка за продолжението од квалификациите за ЕП 2012, тогаш централната занимливост од дуелот е пресметката на напаѓачкиот двоец од редовите на актуелниот европски и светски шампион Интер, Горан Пандев - Самуел Ето... Во црно-синиот дрес на "нероазурите" блиски пријатели, но утре на нашиот најголем стадион секој со своите максимални желби и амбиции за успешен настап во националниот дрес.

"Да, сега еден против друг на теренот... Ето првпат доаѓа во Македонија па низ меѓусебните разговори она што заеднички го заклучивме е желбата за квалитетен натпревар, секако секој со својата амбиција за триумф", ни изјави најдобриот македонски фудбалер вчера веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром заедно со капитенот на камерунската селекција со приватен авион во сопственост на Интер.

Горан Пандев, како и поголемиот дел од стандардните наши репрезентативци, по пауза од неколку месеци повторно предводник на националите во обидот преку средбата со "нескротливите лавови" да се креира финалната атмосфера за следниот наш дуел во рамките од евро-квалификациите против Ирците во Даблин на 26 март.

"Во секој случај одлична контрола за нас против висококвалитетна репрезентација. Добро се познати квалитетите на Ето и на останиот дел репрезентативци на Камерун. Овој натпревар треба во одредена мера да ја даде нашата слика за продолжението од квалификациите и натпреварот против Република Ирска во Даблин следниот месец. Квалификациите за Македонија сигурно не се завршени. На тој начин сите заедно треба да размислуваме наредниот период почнувајќи веќе од актуелниот дуел против Камерун. Верувам добро подготвени, пред се и од психолошки аспект, ќе му пристапиме на следниот натпревар против Ирска. Наредниот натпревар од квалификациите всушност треба да го даде одговорот колку може да постигнеме во овие квалификации и каде е нашето место на европската сцена. Посакувам и утре на 'Филип Втори' и против Ирците следниот месец да го демонстрираме квалитетот кој секогаш го носиме со себе против високорангирани репрезентации на светската листа", истакнува капитенот на македонската селекција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...