Ништо ново на "Градски"

Фудбалска репрезентација на Македонија загуби од Камерун со 1:0 во пријателскиот меч одигран вечерва на Националната Арена "Филип Втори" во Скопје.

Избраниците на Мирсад Јонуз во првото полувреме беа речиси рамноправен противник, имаа и шанса да постигнат погодок преку Пандев, но капитенот не се снајде најдобро пред противничкиот голман. А ако погодеше невкусни коментари на адреса на нашта селекција немаше да изостанат, од причина што шансата се изроди за време додека еден камерунски играч лежеше повреден на теренот, сите апелираа топката да биде исфрелена вон теренот, а нашите фудбалери наместо да го испичитуваат непишаното правило за фер плеј, ја продолжија акцијата. Африканците повеќе имаа посед врз топката, а најголемата шанса за гол ја имаа во 10. минута кога топката три пати по ударите на Камерунците завршуваше во рамката од нашиот гол, па резултатот остана оној почетниот. И калливиот терен беше противник на фудбалерите на двете селекции во обидите за создавање поголем број шанси за погодок.

Во вториот дел откако беа направени голем број замени, а играта ја напуштија најголемите ѕвезди во двата тима Пандев и Ето, гостите во 75. минута по одличната комбинација преку Мбута успеаа да обезбедат предност од 1:0, и истата да ја задржат до крајот.

Па така и по пет натпревари и осум месеци македонската фудбалска репрезентација и натаму нема победа. Она што загружува е дека почнавме да ги губиме и пријателските мечеви, откако по серијата од осум меча без пораз, Македонија забележа два порази едно по друго, оној од Кина и сега од Камерун.

Сега, најдобрата фудбалска селекција ја очекува сериозен предизвик, продолжението на квалификациите за Европското првенство во 2012. година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...