Кој 'тежи' повеќе, Барселона или Јунајтед?

Економистите ја пресметале вредноста на играчите на Барселона и Манчестер Јунајтед. Барса е двојно поскапа, а во сабота вечер на теренот на "Вембли" ќе истрчаат фудбалери вредни 700 милиони евра. Меси е далеку пред сите, најскап играч на Јунајтед е Руни.

Барселона во последните неколку години е синоним за екипа која го игра најубавит фудбал на светот, а костурот на тимот им го сочинуваат играчи од подмладокот на овој каталонски тим.

Стручњаците на "Фронтир Економист" ја проценија вредноста на тимот на Барселона на 454 милиони евра, додека екипата на Алекс Фергусон вреди 216,5 милони.

Мора да се има на ум дека вредноста е пресметана на основа на цената на играчите на почетокот на сезоната, па на многумина им скокна рејтингот по освојување на новите титули, како од страна на Манчестер, така и од Барселона. Тоа само значи дека вкупната сума од 670,5 милиони сеуште е и поголема.

Најдобирот играч на светот, Лео Меси, се проценува на 140 милиони евра, додека Иниеста вреди 51 милион, Виља 47. По истражувањето на "Фронтир Економист", најскапиот "ѓавол", Вејн Руни е проценет на 59,3 милиони. Зад него се Нани и Валенсија.

Прашање е колку тие цени се реални, бидејќи тешко дека на пазарот Давид Виља вреди 30 милиони евра повеќе од Ернандез, или пак Пујол во реалноста е три пати поскап од Рио Фердинанд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...