Рики Алварез во фокусот

Фудбалерот на Велез Сарсфилд од Аргентина, Рики Алварез е во фокусот на тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, а се смета на овој играч да биде наследник на Цеск Фабрегас. Алварез би требало да пристигне во Лондон за сума од 11 милиони фунти, а се работи за ист тип на играч како Фабрегас.

Дали оваа информација најавува дека ќе дојде до договор меѓу Арсенал и Барселона за капитенот на тимот од Лондон е неизвесно во моментов. Барселона е упорна за да го ангажира, но сè уште нема ништо конкретно околу новата понуда која треба да пристигне на адреса на Арсенал. Оттаму во моментов е поинтересно како ќе се одвиваат работите меѓу Арсенал и Велез, но и за тоа како ќе реагираат тимовите на Севиља, Малага, Интер, Рома и Шалке 04, кои исто така имаат пројавено заинтересираност за Алварез.

Се работи за еден од најталентираните играчи во Аргентина на кого му предвидуваат одлична иднина. Има 23 години, а го привлече вниманието со игрите кои ги прикажуваше во последните месеци.

"Нема да го запираме играчот доколку сака да си замине. Ако Арсенал достави понуда до нас и таа биде задоволителна тогаш ќе оставиме на играчот самиот да одлучи дали сака да се пресели таму", велат од Велез.



Цеск помага за трансферот

Дека Фабрегас е упорен за да се врати во Барселона може да се заклучи и од неговиот потег во кој е решен да се откаже од сумата од 15 проценти која треба да ја добие при трансфер во друг тим. Тоа може да биде олеснително за Барса и ваквата вест може да биде причина за конечно да се понуди сума која ќе биде примамлива за Арсенал.



Вела останува во Арсенал

Фудбалерот од Мексико, Карлос Вела ќе остане во тимот на Арсенал и следната сезона. Агентот на фудбалерот објави дека тој нема да ја менува средината што значи дека во новиот шампионат ќе се обиде да покаже дека и понатаму ја има старата форма бидејќи последната сезона не одигра на највисоко ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...