"Вратите на репрезентацијата не се затворени"

"Јас на еден натпревар не можам да повикувам по 25-30 фудбалери, но затоа следат пријателски натпревари на кои ќе провериме уште нови имиња, се во функција да се одбере вистинскиот квалитет за квалификациите за СП 2014", вели Тошак

Македонскиот селектор Џон Тошак во неефикасноста на нападот го лоцира главниот резултатски проблем на нашата национална селекција.

Тошак пред денешниот собир на репрезентативците за претстојните два последни квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2012 против Ерменија и Словачка, на средбата со медиумите нагласи дека мора да се подобри реализацијата доколку сакаме успеси.

"Мојата главна концентрација за подобрување на играта на Македонија ќе биде околу нападот. Погледнувајќи ја и историјата гледам дека Македонија секогаш има проблем со постигнувањето голови. Тоа навистина ме загрижува. Но постигнувањето голови е тимска работа, не само на напаѓачите, затоа ќе треба да поработи целиот тим", вели Тошак, кој, пак, е задоволен од начинот на кој неговите избраници се покажале на претходниот септемвриски собир, поради што нема никакви промени во имињата на фудбалери кои се повикани и за новите октомвриски средби.

"Јас сум задоволен како работеа на тренинзите. Задоволен сум и од нивниот ангажман на натпреварите, па затоа и повторно ги повикувам истите играчи. Секако, тоа не значи дека вратите на репрезентацијата се затворени за други играчи. Напротив, ние веќе имавме разговори со уште тројца до четворица фудбалери кои може во меѓувреме да бидат повикани во селекцијата... Јас на еден натпревар не можам да повикувам по 25-30 фудбалери, но затоа следат пријателски натпревари на кои ќе провериме уште нови имиња, се во функција да се одбере вистинскиот квалитет за квалификациите за СП 2014", вели македонскиот селектор.

Според Велшанецот резултатите од претстојните натпревари со Ерменците на гости, и со Словачка на 11 октомври во Скопје ни се секако важни, но ќе се обиде да внесе извесни промени во досегашниот наш систем на игра.

"Резултатите на еден национален тим се важни и кога се игра пријателски натпревар, а не станува збор за официјално како овие кои нас не очекуваат. Но, мора да истакнам дека сакам овие две средби да ги искористам и за одредени промени во системот на игра на репрезентацијата. Сакам да видам како фудбалерите ќе се прилагодат на еден нов систем, нов начин на игра. Тоа ни е потребно во овој момент", истакнува Тошак.

Собирот на репрезентативците е закажан за денеска, од 12 часот, во хотелот "Александар Палас" во Скопје. По дводневните тренинзи во Скопје, националниот тим в среда наутро заминува за Ереван, каде в петок од 17 часот ги очекува квалификацискиот натпревар со Ерменија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...