Се редат отказите... Пандев, Ибраими...!!!

Капитенот дојде на прозивката и си замина, а се очекува да паузира 3-4 недели поради проблеми со бутниот мускул

Со проблеми тргна стартот на подготовките на националниот тим запоследните два квалификациски меча од циклусот за пласман на ЕП 2012 година. Како што веќе најавивме, на претстојните дуели со Ерменија в петок во Ереван и оној со Словачка во вторник во Скопје ќе играме без капитенот Горан Пандев. Фудбалерот во саботата го повредил бутниот мускул на дерби дуелот со Интер и поради тоа ќе биде во "аут" во наредните 3-4 недели. Повредата била и причината поради неговата замена во 55. минута во дербито во Италија. Пандев вчера се појави на прозивката во хотелот "Стоун Бриџ" во Скопје каде селекторот Тошак ги собира фудбалерите за следните квалификациски предизвици. Капитенот имаше и средба со лекарскиот тим по што си замина од Скопје, а деновиве се враќа на медицински третман во Наполи.

Дополнителна нервоза по отказот на Пандев следеше во текот на денот. Се повредил и Агим Ибраими. И тој беше стандарден на претходните два дуела кај Тошак. Фудбалерот кој ги брани боите на словенечкиот тим Марибор исто така нема да игра на дуелите кои следат.

Тошак без капитенот Пандев на дуелите со Ерманија и Словачка

По овие два откази се чини дека ќе дојде крај и на малерите. Ова го говориме од едноставна причина поради тоа што повеќето кои се на списокот не играат за своите екипи и така нема каде да се повредат. Оние стандардните како Новески, Шумуликоски, Попов се во ред и тие ќе бидат носечката сила на нашиот национален тим за натпреварите во петок и вторник.

Македонските репрезентативци вчера ја имаа прозивката во Скопје, а од 17 часот и првиот тренинг. На истиот недостигаа неколку фудбалери, а дури денеска попладне во земјава ќе пристигне и заменикот капитен Величе Шумуликоски, кој, пак, вчера имаше настап за неговиот Сибир во рускиот шампионат.

Репрезентативците денеска ќе имаат два тренинга, а утре претпладне патуваат за Ереван каде в петок го играат дуелот со домашната селекција на Ерменија кој ќе се одигра на преполниот стадион "Република", со почеток во 17 часот. Македонија игра за престиж, а домашната селекција брка пласман за ЕП. Тоа е доказ колку сме биле катастрофа во овие квалификации кои се најмизерни и најлоши во нашата фудбалска историја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...