Тошак со Филип Ивановски ќе бара подобрување на ефикасноста

"Следат нови повици за оние за кои сметаме дека заслужуваат да бидат во репрезентацијата. И претходно кажав дека вратите во националниот тим ќе бидат отворени за уште многу играчи", вели Тошак

Офанзивецот на најтрофејниот македонски клуб, Филип Ивановски е ново име во македонската репрезентација за последните два наши квалификациски натпревари против Ерменија на 7. октомври во Ереван, и против Словачка на 11. октомври во Скопје.

По откажувањата на капитенот Горан Пандев, и членот на словенечки Марибор, Агим Ибраими, селекторот Џон Тошак, останувајќи единствено од првичниот список со Иван Тричковски и Мирко Ивановски во нападот, се одлучи вчера да го повика напаѓачот на Вардар кој веднаш се приклучи на подготовките на националниот тим.

Играта во нападот и нашата неефикасност се главниот проблем на македонската репрезентација, лоцираше претходно Тошак. Па сега, откако саботата го следеше првенствениот дуел меѓу Вардар и Шкендија, се одлучи да комбинира со Филип Ивановски кој повторно се враќа во репрезентацијата откако претходно имаше неколку настапи под водство на Мирсад Јонуз.

"Јас и претходно кажав дека ние имаме уште три до четири имиња кои се во поширокиот список репрезентативци а на кои ќе сметаме во иднина. Затоа сега следат нови повици за оние за кои сметаме дека заслужуваат да бидат во најдобрата селекција", вели македонскиот селектор.

Дополнително повикан претходно беше и членот на украински Металург Доњецк, Марио Ѓуровски, по што повторно стручниот штаб со себе во Еревен ќе носи 20 фудбалери.

"Мило ми е што повторно сум во репрезентацијата. Во секој случај веднаш се гледа дека има еден вид нова желба за докажување на сите фудбалери, има и некои нови лица. Верувам доколку добијам шанса дека ќе ги потврдам своите квалитети", вели фудбалерот од средниот ред Марио Ѓуровски.

Македонските репрезентативци, во секој случај, и по првите денови тренинг на новиот собир, позитивно расположени ги очекуваат двата последни натпревари во овие квалификации. И покрај тоа што од резултатски аспект ништо не значи за нас гостувањето во Ереван, сепак желбата е со добри резултати да се создаде клима која ќе носи позитивни вибрации низ подготовките за новиот квалификациски циклус.

"Очигледно е дека се создава еден нов тим. Главната ориентација сигурно наредниот период ќе биде да се креира состав кој ќе го има главниот збор за новите квалификации, меѓутоа и селекторот Тошак јасно ни нагласи дека натпреварите со Ерменија и со Словачка воопшто не се пријателски натпревари туку мора сериозно да се разберат", вели репрезентативниот голман Томе Пачовски.

Според него Македонија има капацитет и сили за многу подобри резултати од оние актуелните во овие квалификации...

"Факт е дека резултатски потфрливме во овие квалификации. Приоритет е во новиот квалификациски циклус да се навлезе во еден подобар ритам и повторно да ги подобриме позициите на македонскиот репрезентативен фудбал", дополнува Пачовски, кој со назначувањето на новиот стручен штаб во македонската селекција повторно се врати во националниот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...