Октоподот Меси предвидува победа на Барселона во „Ел Класико“

Барселона, 5 декември 2011 (МИА) - Во големото шпанско дерби „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое се игра во сабота, според прогнозата на октоподот Меси, кој живее во аквариум во одморалиштето Баналмаден во јужниот дел на Шпанија, подобри ќе бидат фудбалерите на Барселона.

Октоподот, наречен по фудбалерот на Барселона Лионел Меси, денеска од два сада со сардини, на кои се наоѓаа амблемите на двата клуба, се одлучи да јаде од тој со знакот на тимот од Каталонија.

Меси е вториот октопод кој на овој начин „предвидува“ резултати од фудбалски натпревари. Првиот, и многу попознат, беше Пол од германскиот град Оберхаузен, кој угина на 26 октомври минатата година.

Пол ги погоди резултатите од сите натпревари кои фудбалската репрезентација на Германија ги одигра на Светското првенство во Јужна Африка.

Натпреварот Реал Мадрид - Барселона, се игра во сабота од 22 часот на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид. Реал има три поени повеќе и натпревар помалку од Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...