Меси: Класико ќе ја одреди сезоната

Аргентинецот од редовите на Барселона, Лео Меси смета дека претстојното дерби со Реал Мадрид би можело да одигра значајна улога во дефинирање на понатамошниот тек на сезоната за каталонскиот тим.

Викендот кој е пред нас го носи големиот дуел во рамките на шпанското првенство, 10. декември ќе се одигра познато Ел Класико.

Барселона моментално заостанува три бода на табела зад водечкиот Реал Мадрид, кој има и меч помалку, и претстојниот дуел би можел да даде одредени одговори и во голема мера да ја одлучи сезоната.

„Од витално значење е да оствариме добар резултат.“

„Тоа би направило добар темел за понатамошниот тек на сезоната. Ако тоа не ни појде од рака, нема да имаме многу време за опуштање и можности за поправен, бидејќи нас ни претстои пат во Јапонија и клупското првенство на светот кое за нас е многу важно“ - рекол Меси.

Имено, екипата на Пеп Гвардиола по обврските во домашното првенство ја очекува исцрпувачки пат во Јапонија, каде Барселона, заедно со уште седум тима, ќе се натпреварува на претстојното првенство на светот за клубови и ќе се обиде по втор пат во последните три години да го освои признанието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...