Дуел на Титаните-„Ел Класико“

Целиот свет вечерва со нетрпение го очекува дуелот на фудбалските великани Реал Мадрид и Барселона со почеток од 22 часот на „Сантијаго Бернабеу“

Овие два клуба по 163-ти ќе ги одмерат силите, а вечерашниот дуел ќе биде во центарот на светската јавност затоа што по овој меч многу работи ќе бидат јасни околу тоа кој ќе биде шампионот во Примера.

Реал Мадрид пред вечерашниот натпревар има три бода повеќе и натпревар помалку. Интересно е тоа што каталонците не се поразени во последните шест дерби натпревари.

Се очекува Тв преносот да го следат преку 500 милиони луѓе во 50 земји во светот. Шпанските медиуми пренесуваат дека еуфоријата во Мадрид е огромна и дека цената на влезниците денеска достигнала рекордна вредмост и до 7000 евра.

Се очекува двајцата тренери Мурињо и Гвардиола за вечерашниот „Ел Класико“ да излезат во најсилен состав, а најверојатните состави би можеле да бидат:

РЕАЛ МАДРИД: Касиљас - Диара, Пепе, Рамос, Марсело - Кедира, Алонсо, Езил - Ди Марија, Бензема, Кристијано Роналдо.

БАРСЕЛОНА: Валдес - Алвеш, Пујол, Пике, Абидал - Бускетс, Чави, Иниеста - Фабрегас, Меси - Санчез.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...