Итен лекарски преглед на срцето

Сите фудбалери на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем побараа итен лекарски преглед на срцето, откако играчот на Болтон, Фабрис Муамба во петокот, за време на натпреварот на овие два клуба, претрпе тежок срцев удар, јави дописникот на МИА од Лондон.

Лекарот на Тотенхем изјави дека за време на денешната рутинска контрола што била направена на двајца-тројца играчи, а која се практикува секој ден, сите фудбалери на овој клуб го информирале дека бараат детален кардиолошки преглед. Лекарот Санџај Шарма објасни дека станува збор за реакција на „шокирачките сцени“ од борбата на лекарите да му ја повратат работата на срцето на Муамба, што се случуваше на теренот на стадионот на Тотенхем, пред очите на сите играчи.

Муамба се наоѓа на интензивна нега во една лондонска болница. Лекарите денеска соопштија дека неговата состојба и натаму е критична и тој се уште се бори за својот живот. Лекарите открија дека по ударот, неговото срце не работело два часа.

Засега нема официјално објаснување која е причината еден млад фудбалер да претрпи тежок срцев удар за време на фудбалскиот натпревар, но некои кардиолози сметаат дека тој имал вродена срцева маана на срцевиот мускул, што според нив, може и да не се открие на редовен преглед. Кардиолозите веруваат дека доколку Муамба не се занимавал со спорт, изложувајќи го срцето на екстремни напори, неговиот недостаток можеби никогаш не би се појавил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...