Муамба два часа бил клинички мртов

Состојбата на поранешниот младински репрезентативец на Англија Фабрис Муамба останува критична откако доживеа срцев удар за време на 1/4 финалниот дуел меѓу неговиот Болтон и Тотенхем. Последната информација од Лондонската кардиолошка болница, каде се наоѓа 23-годишниот играч, е од неделата и вели дека состојбата останува критична.

Дел од англиските медиуми објавија детали околу оваа потресна приказна и пишуваат дека Муамба се срушил на теренот во 18:11 часот по локално време, а лекарските тимови на двата клуба двапати користеле дефибрилатор да го вратат во живот за потоа со амбулантно возило да го пренесат несреќниот фудбалер во болница. Во неа докторите цели 120 минути се обидувале на најразлични начини да воспостават нормална работа на неговото срце и успеале во тоа дури во 20:00 часот.

Иако ситуацијата за сега е стабилна, ситуацијата со фудбалерот се оценува како критична.

"Им благодариме на сите за поддршката за Муамба и продолжуваме да се молиме за неговиот живот. Сите се шокирани од овој настан и ве разбирам дека сите сакате да знаете повеќе за состојбата. Можам да кажам само дека Муамба е голем борец и јас сум оптимист и верувам дека ќе биде добро", изјави тренерот на Болтон Овен Којл за новинарите и додаде дека на тимот моментално не му е до фудбал, па не ни размислуваат кога повторно ќе играат.

Вереницата на Муамба, Шауна на својот профил на Твитер напиша:

"Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката која ни ја давате и ве молам продолжете да се молите за Фаб".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...