Состојбата на Муамба сериозна, но веќе не е критична

Здравствената состојба на фудбалерот на „Болтон“, Флоренс Муамба и натаму останува сериозна, но повеќе не е критична, соопшти лондонската болница во која тој се лекува по претрпениот прекин во работата на срцето за време на саботниот натпревар со „Тотенхем“ во Лондон.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Муамба веќе имаше куси средби со своите најблиски, како и со тренерот на „Болтон“, Овен Којл, па се верува дека периодот на најголемата неизвесност околу тоа дали ќе преживее, се надминати.

Тренерот Којл изјави дека комуникацијата што ја имал со тешко заболениот фудбалер е „охрабрувачки момент“.

Извори од болницата за „Сан“ откриваат дека кога првпат се освестил младиот фудбалер не знаел што се случило и како се нашол во болничката постела, но на средбата со својот татко Мумаба се интересирал за фудбалот.

Прво што го прашал татко му било кој победи во мечот на неговиот клуб со „Тотенхем“, како и зошто натпреварот не е завршен.

Во саботата вечерта пред крајот на првото полувреме, 23-годишниот фудбалер падна како покосен на теренот и остана да лежи без знаци за живот пред шокираните играчи на двата клуба, тренерите, судиите и многу илјадата публика на стадионот на „Тотенхем“.

Медицински експерти објаснуваат дека тој е среќен што е жив, како и дека го преживеал прекинот на работата на срцето само благодарејќи на брзата и правилна интервенција на екипата за медицинска помош.

Лекарите сметаат дека тој имал некоја вродена срцева аномалија што се појавила поради големите напори на кои како фудбалер е постојано изложен. Сите фудбалери на „Тотенхем“ веќе побараа од клупските лекари да бидат подложени на темелен кардиолошки преглед, а поголема и почеста здравствена контрола побара и тренерот на „Манчестер Сити“, Манчини.

Флоренс Муамба е роден во 1988 година во Киншаса, ДР Конго, но пребегнал во Велика Британија како политички бегалец. Фудбал започна да игра во „Арсенал“, а пред да се пресели во „Болтон“, играше и во „Бирмингем“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...