Тато, загубивме ли?

Муамба го изненадил својот татко во болницата, по сите проблеми прво што го интересирало е дали неговиот Болтон прошол против Тотенхем во ФА Купот! Откако го побарал својот тригодишен син Џошуа, му се обратил на татко си Марсел со зборовите:

"Изгубивме ли?".

"Не сине, натпреварот е прекинат", одговорил татко му.

"Зошто?", следело прашање од Муамба.

"Поради тебе сине", одговорил татко му.

Како што е познато, Муамба колабрираше на натпреварот со Тотенхем поради срцев напад, но животот му беше спасен благодарение на навремената лекарска интервенција. Два дена состојбата му беше критична, а потоа Фабрис се разбуди и неочекувано бргу заздравува.

"Тој ги распознава луѓето и комуницира со нив. Засега состојбата е добра. Му благодариме на Господ за тоа. Сакаме што побргу да се врати дома", изјави роднина на Муамба.

Лекарите даваат надеж за целосно заздравување на фудбалерот, но и враќање на фудбалските терени во полн ритам.

"Лекарите рекоа дека и претходно се случувало пациенти кои биле во слична состојба да се вратат целосно. Секој случај е речиси индивидуален и зависи од самиот човек. Постојат две работи кои Фабрис ги има и кои можат да му помогнат да ја надмине таа пречка - тој е млад и има прекрасен живот. Тој ќе мора да води битка секој ден, да вложува напори во секој нареден чекор, но мислам дека ќе успее. Во тие моменти фудбалот ќе му претставува проблем, но ние веруваме дека Фабрис ќе го издржи тоа искушение и ќе се врати на нивото пред инцидентот", изјави тренерот Овен Којл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...