Многу надигрување, но без голови

Големото дерби во четвртфиналето заврши без победник. Милан и Барселона одиграа добар натпревар, но без голови така што оценката не може да биде највисока. Шансите беа во изобилство на двете страни, но оние акции коишто наликуваа на сериозни и најавуваа погодок завршуваа со одбрана на голманите. Абиати во таква ситуација имаше многу повеќе работа, додека Валдес само на моменти можеше да се "дружи" со топката.

Под притисок на тоа да обезбедат што подобар резултат двете екипи во првиот дел играа помирно од очекувањата. Имаше шанси и на едната и на другата страна, но тоа не беше така сериозно да може и да се отвори резултатот.

Милан се закани уште во 2. минута преку Робињо, но тој се посрамоти со шут високо над голот. Барса возврати со неколку добри акции во кои имаше и сомнителна ситуација за пенал. Во 2-3 ситуации и Абиати беше на вистинското место, па успеа да го сочува голот.

Виктор Валдес успеа да го спаси својот тим на средина од првото полувреме кога му одбрани зицер на Ибрахимовиќ, кој биеше премногу млако. На тој начин и Милан не успеа да го загрози голот на Барса, па на крајот од првиот дел се остана како на почетокот. Остана да се одбележат само неколкуте шанси бидејќи погодоците изостанаа.

Надигрувањето, но и внимателната игра во одбраната продолжи и во вториот дел. Шансите се редеа на двете страни, но беше потребно многу време дури да дојде онаа вистинската која заслужува да биде одбележана. Тоа се случи дури во 78. минута кога Чави нафрли од корнер, а Пујол натрча и биеше со глава. Топката заврши на само десетина сантиметри од стативата, па и во финишот на оваа средба остана резултатот од почетокот.

Меси можеше да биде херојот на Барса на уште еден дуел, но неговиот шут во 87. минута не заврши во мрежата. Тој успеа да ја измеша одбраната на Милан и да упати удар низ нозете на Мезбах, но тоа беше следено од Абиати кој овој пат беше најзаслужен што Милан успеа да остане непоразен на овој натпревар. Успеа да одбрани и да ја одбие топката во поле така што покажа дека сезонава игра во одлична форма и може да одбрани и многу тешки удари.

Откако и ова не беше искористено стана јасно дека овој дуел ќе заврши без голови и дека се ќе биде решено дури на реваншот на Ноу Камп во вторник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...