Три полуфиналисти на видик

Екипите на Реал Мадрид, Баерн Минхен и Челзи со едната нога практично се во полуфиналето од Лигата на шампионите и потребно е само добро да ја одработат задачата на реваншот за да се пласираат во следната рунда. Сите овие екипи победија како гости, а имаат различна предност и веројатно ќе им биде потребно пред својата публика да одиграат на потребното ниво за да успеат да стигнат до полуфиналето.

Затоа, пак, неизвесноста ќе продолжи во Барселона каде на Ноу Камп се очекува домаќинот да напаѓа за да стигне до место понатаму. Причината за тоа е во фактот што 0:0 не им гарантира никаква сигурност на Каталонците. Милан со гол во гости ќе си го добие и ремито во своја корист бидејќи голот ќе вреди како два. Оттаму домаќинот ќе мора да победи пред својата публика.

Според сите очекувања Милан и Барселона ја сочинуваа најинтересната двојка во четвртфиналето, а тие ќе бидат во прв план и на реваншот. Сигурно ќе понудат многу интересен фудбал, а историјата вели дека секогаш кога Барселона играла 0:0 на првиот меч од елиминациите успевала на реваншот да го надигра противникот и да се пласира понатаму. Ќе биде ли така и сега останува да покаже реваншот кој е закажан за вторник со почеток од 20:45 часот на Ноу Камп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...