Шест минути за три бода

Селекцијата на Чешка се радуваше на првите бодови на Европското првенство откако вчера на мечот против Грција уште после 6. минута стана јасно кој ќе успее да стигне до победата.

Според тоа како тргна мечот се очекуваше ова да биде многу поефикасен дуел. Чесите со максимална мотивираност веднаш тргнаа во налет. Набрзина создадоа предност која што беше тешко да се анулира до крајот на средбата.

Во првата посериозна акција Чешка веќе имаше предност од 1:0. Иако никој не очекуваше атакот да биде по средината од теренот, токму тоа се случи. Јирачек успеа да се уфрли во вистински момент во просторот каде што не можеше да стигне ниту еден од стоперите на Грција. Беше проигран во вистински време, па после само две минути и 16 секунди игра Чешка водеше со 1:0.

Ова беше гол кој најави интересна средба, а за вториот погодок немаше потреба да се чека премногу. Десниот бек на Чесите, Гебре Селасие проби по неговата страна од теренот. Топката ја упати кон петерецот на Грците, а голманот Халкиас интервенираше како почетник. Место да ја собере топката таа му помина под дланката, па ова беше мат позиција. Пилар беше на вистинското место. И покрај тоа што околу себе имаше двајца играчи од противничкиот табор, сепак, успеа да се избори за малку простор, а и тоа му беше доволно да ја смести топката во голот на Грција.

После шест минути игра веќе беше 2:0 и тука полека почна да станува јасно дека Грција нема да има премногу шанса за игра. Како да ја снема енергијата од првото коло кога против Полска и со играч помалку немаше проблеми да се парира и да се постигне гол. До крајот на првиот дел едноставно Чешка имаше потполна контрола на играта и на одмор замина со 2:0.

Во вториот дел немаше многу акции коишто заслужија да бидат одбележани. Единствената која и не беше толку сериозна акција дојде во 53. минута. Грција намали на 2:1, но најмногу поради грешката на Петр Чех. Голманот на Чешка имаше чист простор и многу лесна топка која само требаше да ја собере. Тоа беше прелесна задача за голман од негов калибар, но тој успеа само да ја поттурне до Гекас. Овој, пак, непречен од никого без проблеми ја упати во празниот гол и најави поинтересно продолжение од мечот.

Сепак, и покрај резултатската тензија немаше никакви дилеми околу победникот на оваа средба. Чешка успеа да се одбрани и сосема заслужено ги освои трите бода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...