Златан Ибрахимовиќ е фудбалер на ПСЖ, потврди спортскиот директор на клубот, Леонардо а за денеска е закажана прес конференција на која фудбалерот официјално треба да биде претставен пред медиумите и фановите.
Според Goal.com Ибрахимовиќ потпишал тригодишен договор со ПСЖ за сума од 13 милиони евра годишно, a според шпекулациите на денешната прес конференција покрај Ибрахимовиќ, пред јавноста ќе биде претставен и младиот фудбалер Марко Верати кој доаѓа од Пескара.
Златан Ибрахимовиќ во својата кариера настапуваше и за Милан, Барселона, Интер, Јувентус и Ајакс.