Заминувањето на Ван Перси тешко го поднесоа навивачите на Арсенал поради неговото заминување во големиот ривал. Фановите на лондонскиот клуб публикуваа неколку видеа на Јутјуб како го палат дресот на својот поранешен миленик.
"Се надевам дека ќе ги скршиш нозете, Робин. Се надевам дека Вејн Руни ќе ти падне врз нозете и ќе ти ги скрши" - напишал еден лут навивач на Арсенал.
Во Лондон веќе кружи комбе со натпис "ослободете се од Ван Перси" во кое сите незадоволни навивачи можат да ги фрлат дресовите, фотографиите и другите реквизити со ликот на Холанѓанецот.