Вардар се врати на врвот на прволигашката табела

Фудбалерите на Вардар повторно се лидери на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако синоќа на „Филип Втори“ во Скопје во „вечното“ дерби го совладаа Пелистер со 3:1.

Гостите од Битола до 87.та минута имаа позитивен резултат, но тогаш Златко Таневски зголеми на 2:1, а во самиот финиш Јован Костовски го постави конечниот резултат. Претходно, во првото полувреме Вардар поведе со голот на Филип Петров, а на почетокот од вториот дел изедначи Благоја Главевски.

Дербито го одбележаа и неколку инциденти предизвикани од двете навивачки групи, а најголемиот се случи на полувремето кога имаше обид за меѓусебна физичка пресметка. Повеќе вардарови навивачи влегоа на теренот со цел да стигнат до нивните ривали на спротивната трибина но припадниците на МВР реагираа брзо и ја доведоа ситуацијата под контрола. Тогаш гостинските навивачи почна де се пресметуваат со полициските сили, а беа запалени и дел од фрлените хартии на новата атлетска патека при што таа е делумно уништена.

Од МВР информираа дека денеска ќе излезат со детална информација за вчерашните случувања на дербито Вардар - Пелистер.

На другите натпревари од 8.коло во македонскиот фудбалски шампионат постигнати се овие резултати: Напредок - Брегалница 2:1, Тетекс - Металург 0:1, Дрита - Силекс 2:1, Ренова - Шкендија 0:3 и Хоризонт Турново - Работнички 3:0.

Табела: Вардар 19 бодови, Хоризонт Турново 17, Металург 15, Шкендија 14, Напредок 13, Ренова 11, Дрита 11, Пелистер 10, Брегалница 10, Работнички 10, Силекс 4 и Тетекс 3.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...