Лионел Меси четврти пат по ред најдобар фудбалер на светот

Репрезентативецот на Аргентина и играч на Барселона Лионел Меси четврта година по ред е добитник на „Златната топка“.

Фантастичниот аргентински фудбалер го доби признанието на посебната манифестација која се одржа во Цирих.

Тој уште еднаш беше подобар од играчот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо, но и од клупскиот колега Андрес Иниеста.

Аргентинскиот ас минатата година ја заврши со неверојатни 91 гол и во моментов води на листата на стрелци во шпанската лига.

- Неверојатно е да се добие оваа награда. Го добив ова признание четврти пат по ред и за тоа сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на мојот одличен противник Роналдо. Не ги заборавам ниту моите колеги од репрезентацијата и тренерите, но и мојата сопруга и синот. Им должам премногу, изјави Меси кој до наградата стигна со 41,6 % од гласовите. Роналдо освои 23,6 %, а Иниеста 10,9 %.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...