25 милиони и Тевез за Ел Шарави

Иако многу медиуми го преселија Карлос Тевез во редовите на Јувентус, во Манчестер Сити имаат поинакво размислување и надеж дека со негово упатување во Милан ќе можат да го добијат главниот фудбалер на „росонерите“, Стефан Ел Шарави.

„Фараонот“ е еден од најдобрите млади фудбалери во светот во моментов и е посакуван од голем број на тимови. Сепак, во Милан не беа премногу расположени за да се разделат од него. Дали сумата од 25 милиони евра надополнета со Карлос Тевез ќе биде доволна во Милан да се решат на разделба со Ел Шарави е тешко да се каже, но доколку се верува на вчерашните вести преговорите се веќе почнати.

Информациите кои ги носи „Газета Дело Спорт“ велат дека во Милан се решени да го пуштат Ел Шарави за сума од 40 милиони евра. Таа сума се остварува со Тевез и 25 милиони евра. „Росонерите“ добиваат солидна сума на пари и играч со големо искуство, које е и квалитетен напаѓач.

Сепак, не е сè така позитивно за Милан. При ваков трансфер тимот од Италија ќе загуби во младоста на тимот односно ќе остане без играч пред кого е иднината, а ќе добие фудбалер кој е веќе во својот зенит. Покрај тоа ќе добие и играч со многу висока плата. Тевез бара 8,5 милиони евра годишно, а во Милан има правило максималната плата да биде 4 милиони евра плус еден милион бонус при триумф во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...