Германецот Бернд Шустер има големи шанси да седне на клупата на Малага.
Актуелниот тренер Мануел Пелегрини ќе замине во Манчестер Сити, а раководството на андалузискиот клуб веќе подолго време бара тренер и, најверојатно, тоа ќе биде Шустер поради неговото искуство што го има во Шпанија. Тој ги тренираше Ксерез, Леванте, Гетафе и Реал Мадрид со кого стана шампион во 2008 година. Шустер повеќе од две години е без работа, а последен ангажман му беше на клупата на Бешикташ.
Истовремено Малага се раздели со спортскиот директор Марио Усиос, но и донесе нов играч. Се работи за Флавио Нунеш Фереира од португалската Академика, кој потпиша четиригодишен договор.