Ќе ги нападнеме во Кардиф, ама внимателно

„Нема дефанзива. Победата ќе ја бараме со офанзива, но исто така ќе бидеме претпазливи. Сакаме да се пласираме погоре на табелата и ќе дадеме сè од себе да оствариме два добри резултати“, рече предводникот на нашиот национален тим.

Единствено победа е во мислите на македонската фудбалска репрезентација од гостувањето во Велс в петок. Шанси за пласман на Светско првенство одамна не постојат, но нашата најдобра селекција посакува што подобар пласман на табелата во групата. Првично да се избегне евентуалното последно место кое ни се заканува со пораз од Кардиф.

Како доаѓа натпреварот со Велс, оптимизмот во редовите на избраниците на селекторот Зоран Стратев сè повеќе расте. Се најавува дури и триумф на гостински терен против Велс, и добра игра со Србија и да се избегне поразот од нашиот северен сосед.

„Имаме реални шанси за добар резултат. А добар резултат за мене е победа во Кардиф и нерешено или победа во Србија. Ќе дадеме сè од себе да ги оствариме овие цели иако ќе биде тешко“, рече Зоран Стратев на вчерашната прес-конференција во пресрет на двата натпревари, максимално фокусирајќи се првично кон дуелот в петок во Кардиф.

ПАНДЕВ КАКО „НАЈИСТУРЕН“

А Стратев најави офанзивна игра, без бранење во Велс. Меѓутоа, тоа од една страна, а од друга исто така побара и претпазливост од противникот кој во своите редови има неколку фудбалери кои настапуваат во елитните англиски премиерлигаши. Исто така предводникот на националниот тим најави и менување на позициите на неколку играчи, пред сè на капитенот Горан Пандев, кој главно играше како поддршка за напаѓачите кои се менуваа во текот на квалификациите.

„Пандев ќе игра онаму каде што игра во Наполи. Сметам дека таму би бил покорисен. Нема што многу да се менува во составот. Тој ќе биде главно оној кој го понесе товарот во квалификациите, со неколку измени на позициите на одредени играчи. Играта ќе биде поофанзивна, но исто така треба да бидеме претпазливи. Ќе нема многу измени, само извесни рокади во екипата. Имаме уште неколку тренинзи по кои ќе ги решиме сите дилеми“, изјави Стратев.

Селекторот веќе ја „крои“ тактиката за Велс. Тој покрај извесните рокади, најави и поставување на брзи фудбалери во редовите, затоа што како што смета тој, само така ќе може да се пробие противникот на негов терен.

„Сметам дека против Велс е подобро да се играат брзи играчи. Така би можеле да ги пробиеме“, додаде Стратев.

АТМОСФЕРАТА Е НА ВИСОКО НИВО

Она што Стратев го радува е и атмосферата меѓу репрезентативците, која е позитивна. Сите се максимално подготвени и желни да пружат максимум на двата натпревари и да ѝ донесат на Македонија што повисоко место во групата во овие квалификации.

„Јас сум задоволен од залагањето на фудбалерите. Во репрезентацијата владее позитивна атмосфера. Имаме шанси за четвртото па дури и за третото место и ќе сториме сè да се пласираме што погоре на табелата. Најважно ќе биде да одиграме квалитетно, а јас сум убеден дека ќе одиграме на тоа ниво. Фудбалерите максимално се залагаат на тренинзите. Викендов одиграа и неколку мечеви, па кај одредени играчи се чувствува и мал замор. Затоа некои добија полесен тренинг. Кај нив има желба и мотив да пружат добра игра. Сметам дека шансите за позитивен резултат се реални. Нема да играме дефанзивно, туку офанзивно“, додаде Зоран Стратев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...