Барселона победи Меси се повреди и подолго ќе паузира

Во последниот натпревар од 13.коло на шпанската Примера Дивизија, синоќа во Севиља лидерот Барселона со убедливи 4:1 го совлада Бетис, но како што јавуваат шпанските медиуми на подолго време го загуби Лионел Меси.

Аргентинецот во првото полувреме го напушти теренот жалејќи се на болки во бутниот мускул и според последните информации тој ќе мора да отсуствува подолго време од фудбалските терени доколку не сака да го ризикува својот настап на Мундијалот следната година.

Победата на Каталонците ја обезбедија Нејмар, Педро и Цеск Фабрегас кој погоди двапати, додека единствениот гол за домаќините го постигна Жоргe Молина од пенал во последната минута од натпреварот.

На другите дуели од овој круг постигнати се следниве резултати Виљареал - Атлетико Мадрид 1:1, Валенсија - Ваљадолид 2:2, Еспањол - Севиља 1:3, Селта Виго - Рајо Ваљекано, Атлетик - Леванте 2:1, Хетафе - Елче 1:1, Реал Мадрид - Сосиедад 5:1, Гранада - Малага 3:1 и Осасуна - Алмерија 0:1.

Табела: Барселона 37 бодови, Атлетико Мадрид 34, Реал Мадрид 31, Виљареал 24, Атлетик Билбао 23, Хетафе 20,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...