Меси ќе паузира до крајот на годинава

Фудбалерот кој е број 1 во светот во последните четири години, Лионел Меси одигра само 20 минути на средбата против Бетис во неделата, а причина за тоа беше обновувањето на повредатана бутниот мускул на ногата. Ова му е третпат сезонава да се најде на листата на повредени во клубот, а по вчерашните прегледи беше констатирано дека се работи за посериозна повреда. Тој би требало да паузира меѓу шест и осум недели, соопштија на официјалниот сајт од шпанскиот првак.

Периодот на повреди за Меси стартуваше уште минатата сезона против ПСЖ, и тоа во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Потоа во текот на летото направи сè за да заздрави, но во Супер купот против Атлетико Мадрид не издржа и одново се пожали на болка. Сепак, откако го надмина ова продолжи со игрите, а најголемите проблеми почнаа на крајот на септември против Алмерија. Ова е трета повреда за Аргентинецот сезонава и се покажа како најсериозна. Првиот дел од рехабилитацијата ќе ја помине во Барселона, а вториот дел во Буенос Аирес.

Меси сезонава одигра 10 меча во првенството и три во Лигата на шампионите, во кои постигна 14 погодоци, а имаше и 24 асистенции со што само докажа дека уште е лидер на тимот. Со сигурност Меси ќе ги пропушти средбите против Гранада, Виљареал и хетафе во Примера дивисион, нема да игра против Селтик и Ајакс во ЛШ и во двата натпревари од Купот на Шпанија против Картагена. Се очекува Аргентинецот да биде подготвен да се врати на теренот во јануари следната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...