Никогаш не сме имале таков потенцијал

За првпат Македонија во својот состав има тројца играчи од ваков калибар. Особено во младинскиот состав. Долго време македонската фудбалска јавност чекаше на ваков момент, реално, не фиктивно да имаме квалитет, потенцијал за добар резултат. За победи во серија, за успех. Двоецот Бабунски како предводници на оваа генерација, надополнети со бескрајниот потенцијал на Дејан Илиев, но и на другите репрезентативци ветуваат многу во моментов. Не само како имиња туку и како квалитет кој во мора да го искористиме.

Македонија со плејмејкер од Барселона и напаѓач од Реал Мадрид

Па може ли да се посака нешто повеќе во еден тим од тоа главниот творец на играта да е дело на академијата на славната Барселона. Популарниот „тика-така“ фудбал Македонија го гледа во живо благодарение на својата голема фудбалска надеж. Давид Бабунски е момчето кое македонската фудбалска јавност чека да созрее веќе со години. Постариот син на селекторот Бабунски е споменуван како иден водач и на А селекцијата, чиј член е од неодамна, но реално неговото место е меѓу младинците, меѓу неговите врсници, каде што може во целост да доминира, да преземе одговорности, да биде лидер. Она што со оглед на неговиот квалитет, средината од која доаѓа и, конечно, со оглед на неговата позиција природно му припаѓа. Стандардниот член на Барселона Б ја чека шансата да блесне во својот матичен клуб, а во меѓувреме мора да одигра најдобро што може во националниот дрес.

Неговиот помлад брат, Дориан, досега беше дел од репрезентациите до 17, односно 19 години, за од овој квалификациски циклус да му се приклучи на постариот брат во дресот до 21 година. Тој е вистински напаѓач по европски терк, физички супериорен и со сенс за гол кој и тоа како ни е потребен. Младата репрезентација кубури со ефикасноста и на овој меч против Азербејџан таа пракса мора да стане минато. Затоа тука е играчот на Реал Мадрид чиј потенцијал раководните луѓе на „Кралскиот клуб“ одамна го имаа проценето, а од неодамна истиот и го наградија со перманентен договор. Младиот Дориан уште долго ќе биде дел од шпанскиот гигант, а во меѓувреме ќе се обиде да ја одведе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување, најпрво во младинска, а зошто не подоцна и во сениорска конкуренција.

Пуленот на Арсен Венгер меѓу диреците

Третиот бисер кој во моментов е во центарот на вниманието и кој благодарение на ангажманот во англискиот гигант Арсенал има огромна перспектива пред себе е голманот Дејан Илиев. И тој како и Дориан Бабунски е краток период дел од младинската репрезентација на Македонија, но со оглед на неговата форма и настапите како во англискиот младински шампионат, но и во младинската лига на шампиони заслужено е дел од овој состав иако според годините тој би требало да е скалило подолу. Сепак, неговиот потенцијал е неспорен и истиот своевремено проценет од неприкосновениот Арсен Венгер. Затоа селекторот Бабунски реши да му ја додели довербата на младиот струмичанец иако на претходниот меч против Норвешка на голот на Македонија беше Столе Димитриевски. Дали Илиев против Азербејџан ќе добие шанса, сè уште не се знае, но во секој случај конкуренцијата која владее помеѓу Димитриевски, Илиев и голманот на Металург, Андреја Ефремов, може овие тројца голмани да ги направи само подобри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...