Нема да го спречам Коста да оди во Челзи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне денеска изјави дека не е изненаден од тоа што Челзи покажа голем интерес за Диего Коста и додаде дека нема намера да го спречува напаѓачот да го промени клубот.

Шпанскиот весник „АС“ неодамна објави дека премиерлигашот од Лондон наводно постигнал договор со Атлетико Мадрид околу ангажман на Коста, а трансферот треба да се случи на лето и е вреден 60 милиони евра.

- Се зависи од играчот, односно што тој мисли дека е најдобро за неговата иднина. Ќе ја поддржам секоја негова одлука. Нормално е Челзи да покажува интерес за Диего, а за нас тој претставува и голем економски потенцијал. Самуел Ето е веќе во години, а Челзи смета дека Коста е вистинска замена за него. Сепак во моментов тој е наш фудбалер, изјави тренерот на Ателтико.

Во досегашниот тек на сезоната Диего Коста за Атлетико постигна 34 голови на 45 натпревари и има огромен придонес за лидерското место на клубот во Примера и за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо неодамна изјави дека му се потребни вистински и квалитетни напаѓачи и индиректно призна дека не е задоволен од прикажаното на сегашните „шпиц-играчи“. Ова изјава најмногу се однесуваше на Фернандо Торес, а како една од опциите се спомнува негово враќање во Атлетико Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...